Дел од демонстрантите си заминаа од пред Собранието


Граѓаните кои од изутрината протестираа – едни за, а други против донесувањето на буџетот, попладнево почнаа да си заминуваат од пред Собранието на Република Македонија.

protestДел од групата составена од земјоделци и студенти кои го поддржуваат донесувањето на буџетот што беа лоцирани непосредно до Градската болница „Св.Наум Охридски“ веќе го напушти теренот, некои си одат, а некои и се придружуваат на другата група протестанти пред порта „Македонија“.

На платото пред Градска болница остануваат поголем дел од поддржувачите на опозицијата заедно со раководството на СДСМ и ЛДП, на кои им се придружија и опозициските пратеници од Собранието на РМ.

Ситуацијата засега е мирна. Полицијата и натаму ги радвојува двете групи протестанти, иако почна повлекувањето на припадниците на специјалните полициски сили.

Се уште е блокиран и сообраќајот на улиците пред и околу Собранието

миа

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1