Дел од метеор паднал и во Србија? (Фото)


Жител на Апатин во Србија тврди дека во Србија паднал метеорит два дена пред метеорскиот дожд во Русија. Тој вели дека откако слушнал силен звук, тој пронашол предмет тешок околу 150 грама, кој се уште бил топол.

315757_meteor-1ap_fИштван Кома од Апатин раскажа како пронашол предмет составен од залепени тенки ливчиња, тежок околу 150 грама за кој вели дека е остаток на метеорит.

Од силниот звук легнав на земја. Помислив дека некој пука, потоа видов дупка во земјата и го ископав запалениот предмет кој се уште беше топол, вели Иштван.

Бидејќи предметот е со неправилен облик и магнет не го привлекува, Кома и неговиот сосед заклучиле дека истиот можеби е дел од големото тело кое се рападна.

Малку е веројатно дека се работи за метеорит

meteor srbijaПрофесорот Премовиќ од Природно-математичкиот факултет во Ниш вели дека е малку веројатно дека станува збор за метеорит, но таа можност никако не треба да се исклучи без детална анализа.

Се работи за необичен камен каков до сега немам видено. Врз основа на фотографијата мислам дека е малку веројатно дека станува збор за дел од метеор бидејќи по правило тој нема остри рабови, ниту дупки и има кора околу себе која настанала со поминувањето низ атмосферата.

Годишно добивам десетици пријави за пад на метеорити, а најмногу од Војводина, но досега во ниту еден случај не се востановило дека сомнежите се оправдани, вели Премовиќ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1