Дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласаат за промена на Уставот


Дваесетина пратеници на ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи најавија дека без разлика на исходот од референдумот, нема да гласаат во Собранието за промена на Уставот.

„Како пратеник немам мандат и овластување, ниту пак лича намера да гласам за било какви измени во Уставот со кои би се променило уставното име на мојата татковина –Република Македонија, стоеше во најголемиот дел од постовите на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Додека најголемиот број само најавија дека нема да поддржат измени на уставот, имаше и такви пратеници кои објавија дека ќе го бојкотираат референдумот. Меѓу нив беше и поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски.

„Совеста не ми дозволува да излезам на референдум кој е длабоко манипулативен“ – напиша Вељаноски на социјалните мрежи.

Серијата постови на пратениците на опозицијата доаѓаа непосредно по изјавата на лидерот Мицкоски во која најави дека ако референдумот биде успешен, неговата партија ќе ја почитува волјата на граѓаните.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1