Дел од центарот на Скопје утре, поради повеќето новогодишни манифестации, од 11:00 – 13.30 часот, како и од 20:00 – 01:00, ќе биде затворен за сообраќај во двете насоки.
Затворени за сообраќај ќе бидат улиците „11 Октомври“ и „Димитрија Чуповски“, од крстосницата со улицата „Филип Втори Македонски“ до крстосницата со улицата „Даме Груев“. Поради тоа ќе се изврши и пренасочување на автобускиот сообраќај на линиите кои минуваат на овој потег.
Автобусите 26, 50, 57, 59 кај Градска болница ќе се движат по улицата „11Октомври“ кон Зелено пазарче, потоа десно по „Кирил и Методиј“ (Рамстор) и продолжуваат по својата траса. Во обратна насока ќе ја користат улицата „Даме Груев“, зад Собрание.
Автобусите 3, 3А, 3Б, 4, 4А, 5, 7, 7Б, 15, 15А, 21, 21А, 22, 23, 24, 25, ќе се движат по булеварот „Кочо Рацин“, улицата „Кирил и Методиј“ (Рамстор) и продолжуваат по своите траси. Во обратна насока ќе се движат по „Даме Груев“ зад Собрание и продолжуваат по своите траси. Притоа ќе ги користат постојните автобуски стојалишта.
Град Скопје апелира сите учесници во сообраќајот да го почитуваат времено поставениот режим.