Авионот “Airbus A 320” на германската компанија “German Wings/Lufthansa”, се урнал денес со 150 патници и членови на персоналот на југот од Франција.
Во авионот главно се наоѓале државјани на Германија. 67 Германци биле меѓу патниците. Меѓу нив има 16 ученици кои биле десет дена како размена во Шпанија.
„Имало и 16 деца и двајца наставници кои имаат поминато недела таму. Децата биле на возраст од околу 15 години и се фатиле полиња утринава”, соопшти Марти Пујол, градоначалник на градот Линарс де Вайес крај Барселона, каде биле деца.
Во авионот кој патувал од Барселона патувале и две бебиња.
Пред да се урне авионот паѓал во период од осум минути. Тоа го соопштија претставниците на „ЏерманВингс“, која е сестринска фирма на Луфтханза.
Причините за инцидентот до моментов се нејасни. Техничкиот тим на Луфтханза направил проверка на авионот А-320 ден пред несреќата и тој бил исправен.