Делови од тела на мртви бебиња купени на пазар, сакал да ги испрати по пошта?!


Компанијата за достава на пакети ДХЛ во Бангкок при рутинска контрола откри делови од човечки тела во три пратки адресирани за САД.

Во три затворени пластични кутии се откриени конзервирани човечки делови, вклучувајќи детска глава, нога од бебе и срце на возрасен.

Компанијата случајот го пријавила во полиција.sad-turisti-bizarno

Испраќачот е 31-годишен американски турист. Тој изјавил дека човечките делови ги открил на еден од ноќните пазари во Бангкок.

Според објаснувањето на мажот, тој мислел дека станува збор за чудни сувенири и се обидел да ги прати на пријатели во САД. По неколкучасовно сослушување тој е ослободен, без обвиненија.

Соддржината на пакетите со вкупно пет делови од човечки тела била етикетирана како „играчки“. Тие биле адресирани до жители на Лас Вегас, а една од пратките до неговиот дом во САД.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1