Спасена, па уапсена: Студентка избегала да се мажи во Сирија – Мајкаи сама отишла да ја врати


Холанѓанката која се омажи за џихадистичкиот борец, премина на ислам и отпатува во Сирија, а оттаму пред неколку денови ја спаси нејзината мајка, утре ќе мора да излезе пред холандскиот суд откако вчера се врати во земјата

Како што веќе објавивме врз основа на пишувањето на холандскиот весник „Алгемејн Дагблад“, 19-годишната девојка чие вистинско име е Стерлина, на 18-годишната возраст, преминала во ислам, се омажила за озлогласен холандски џихадист Омар Јилмаз и заминала во Сирија. Во него се вљубила гледајќи едно негово интервју на телевизија.

20112014213729_19112014194732_моник

Набрзо откако заминала, Ајша, преку социјалните мрежи и испратила на мајка си повик за помош изразувајќи желба да се врати дома.

Нејзината мајка, Моника прво отишла во полиција, но таму и рекле дека не можат да и помогнат и ја предупредиле дека нејзиното помагање на ќерката во неволја би можело да биде оквалификувано како помош на џихадистите, што претставува кривично дело.

Моника не ги слушала предупредувањата да не патува во сирискиот град Рака, каде веќе извесно време престојувала нејзината ќерка и од каде постојано доаѓаа снимите на бруталните егзекуции на неистомислениците на џихадистите.

– Некогаш нештата едноставно мораат да се сторат. Мислам дека тоа беше вистинскиот потег, им кажала Моника на семејството и на пријателите пред да тргне на опасното патување.

Без оглед на предупредувањата, Моника прво заминала во Турција од каде, завиткана во бурка, ја преминала сириската граница и стигнала до Рака, самопрогласениот главен град на Исламската држава. Претходно, преку „Фејсбук“, договорила место и време за средба со ќерката. Откако се нашле, двете побегнале преку границата во Турција, каде Ајша била уапсена зашто немала пасош. Двете, вчера се вратиле во Холандија

– Штом стаса, Ајша, односно Стерлина, беше притворена врз основа на сомневање за дела кои претставуваат закана за безбедноста на државата, изјавила Анамариа Кемп, портпаролка на обвинителството во Мастрихт.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1