Дел од корисниците од улицата „Јордан Мијалков“ во општина Центар од 8:30 до 11:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија
Од 9:00 до 11:00 часот без струја ќе бидат и корисниците од булеварот „Партизански одреди“ 103 во општина Карпош, а од 9:00 до 15:00 часот дел од корисниците од село Батинци и од улиците „Црногорска“ и „8“ во општина Ѓорче Петров.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на ЕВН Македонија АД.