Без разлика на нашите досегашни ригидни ставови, во интерес на партијата и на иднината на државата сметаме дека е дојдено време да си подадеме рака. Сега е време за надградба на домашниот и меѓународен кредибилитет на државата и партијата. Секое тактизирање околу брзата реконструкција и обединување на прогресивните и чесни патриотски сили ќе значи дополнителна агонија и разнебитување на партијата. Во пресрет на се поизвесните избори следи период на конкретизирање на одговорноста во ВМРО-ДПМНЕ, период на брза кадровска промена и демократска трансформација. Во оваа насока, ДЕМОКРАТСКАТА ФРАКЦИЈА на ВМРО ДПМНЕ ги повикува сите демократски внатрепартиски сили на обединување на принципиелна основа со цел заеднички и сплотени да ја одредиме иднината на државата, напиша Кекеновски на фејсбук.
Поради политичките ставови на дневна основа и поради немање единствен став по однос на одржаниот референдиум сегашното раководство на ДПМНЕ го доподели членството, велат од Демократската фракција на ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму порачуваа дека е потребно обединување на внатрепартиските сили на ВМРО-ДПМНЕ.
„Со својот глас на референдумот граѓаните, членовите и симпатизерите на ВМРО ДПМНЕ ги освестија лабилните и неконзистенстни партиски раководни кадри. Без разлика на нашите досегашни ригидни ставови, во интерес на партијата и на иднината на државата сметаме дека е дојдено време да си подадеме рака. Сега е време за надградба на домашниот и меѓународен кредибилитет на државата и партијата. Секое тактизирање околу брзата реконструкција и обединување на прогресивните и чесни патриотски сили ќе значи дополнителна агонија и разнебитување на партијата. Во пресрет на се поизвесните избори следи период на конкретизирање на одговорноста во ВМРО-ДПМНЕ, период на брза кадровска промена и демократска трансформација. Во оваа насока, ДЕМОКРАТСКАТА ФРАКЦИЈА на ВМРО ДПМНЕ ги повикува сите демократски внатрепартиски сили на обединување на принципиелна основа со цел заеднички и сплотени да ја одредиме иднината на државата“, велат од таму.
Демократската фракција го повикува на отворен разговор партиското раководство за новите, како што велат, стратешки, програмски и кадровски постулати кои ќе го возобноват компромитираното и руинирано партиско ткиво.
„Лажни промени и привидно единство не смеат да се дозволат бидејќи потребна ни е победа на изборите. Потпирање на политичарите кои имаат „сопствен став на дневна основа” поттикнат од надворешни фактори не можат да донесат промени, нова визија и спас на државата, туку само ново залажување и порази. Партијата не може да се рециклира преку стариот поданички материјал и преку неконзистентните и набрзина донесени ставови. Потребна е реална и коренита промена! Нов тимски приод на работа и раководење. Потребна е јасна визија за тоа каде оди Македонија и каква улога треба да има ВМРО-ДПМНЕ во иднина. Секој обид за игнорирање на овие начелни ставови како и обид за заштита на криминалците во нашите редови ќе биде повторно влегување во ,,чизмите” на поранешниот претседател на партијата“, велат од Демократската фракција и додаваат:
„Исто така ги повикуваме пратениците на ВМРО ДПМНЕ да не подлегнуваат на уцени, закани и обиди за подмитување. Тие немаат мандат од македонскиот народ за негово обезличување. Спорот за името и иднината на државата не е прашање на една пратеничка група или на една партија, туку на целиот македонскиот народ кој јасно го кажа својот став на одржаниот референдум“, посочуваат од таму.