Утрото околу 3 часот припадниците на интервенциската патрола 92 тешко го раниле дваесетгодишниот Џорџа Ранковиќ во селото Гунцати кај Барајево. Тој е во тешка состојба префрлен во Ургентниот центар, а лекарите се уште се борат за неговиот живот.
Претходно Ранковиќ пукал од пиштол и се заканувал со секира, го нарушил јавниот ред и мир и ги малтретирал роднините. По повикот на вознемирените и уплашени роднини, на лице место пристигнала полициската патрола на Барајево. Откако со секира го разбил автомобилот на својот роднина, кој ја повикал полицијата, Ранковиќ се префрлил на полициското возило кое што целосно го демолирал.
Набргу стигнала и интервентната патрола. Повеќепати побарале од него да го предаде оружјето и секирата, но тој се оглушил на наредбите.
Продолжил да им се заканува и неколку пати го вперил оружјето кон полицијата со намера да пука. Тогаш припадникот на Интервентната единица испалил еден куршум во воздух како предупредување, а потоа и два директно во неговата глава.
Против Ранковиќ постојат повеќе кривични пријави за дрско и силеџиско однесување, разбојништво, и тешка кражба.