Демолиран автобус на ЈСП кој сообраќал на линијата со број 50. Според информациите на МВР, вчера околу 14 часот на бул. „Крсте Мисирков“ во Скопје оштетен е автобус на Јавното сообраќајно претпријатие, кој сообраќал на линија број 50. Со камења биле скршени три стакла. По преземени мерки, од слобода е лишен А.М. (22) од Скопје. Тој бил приведен во Полициската станица Бит Пазар, а по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот