Центарот на ЛГБТИ заедицата кој се наоѓа во Скопската чаршија, денеска бил предмет на вандализам. Центарот бил нападнат од страна на три непознати лица.
Извршниот директот на Хелсиншкиот комитет Уранија Пировска, истакна дека со самото отворање на овој центар, здружението се соочувало со притисоци и закани, особено во последните два дена.
Хелсиншкиот комитет и понатаму ќе опстане во намерата да им помогне на припадниците на оваа заедница, со цел да ги остварат нивните човекови права.
Хелсиншкиот комитет ги потсетува граѓаните дека е тоа оној истиот Хелсиншки комитет кој секојдневно им ги заштитува нивните права во случаи кога не добиваат заштита од ниту еден друг субјект.
Идејата на овој центар е од чисто хуманистичка природа и се базира на концептот на еднаквост и слобода за сите луѓе.
Ние нема да се откажеме од идејата за постоење на овој Центар, и нема да се поместиме од таму каде што сме“, категорична е Пировска.