Демонстрантите бараат оставка – Јанукович си заминал од Киев


Репортерот на Би-Би-Си јавува дека претседателската палата потполно е напуштена и дека нема ниту трага од полицијата која го чува влезот. Сите информации говорат дека Јанукович го напуштил Киев и дека е на истокот на земјата.

APTOPIX Ukraine ProtestsПрвиот човек на украинската Рада (парламентот) Владимир Рибак, според медиумски извештаи, од вчеравечер се наоѓа во Харков, во источниот дел на Украина, заедно со претседателот на државата Виктор Јанукович. Харков важи за упориште на приврзаниците на Јанукович. В

Опозицијата, според сопствени наводи, го има под контрола владиниот кварт во Киев. Таа и натаму врши притисок за оставка на Јанукович. Портпарол на Виталиј Кличко, еден од опозиционите лидери, денеска (22.02) соопшти дека парламентот треба да донесе резолуција во која ќе се бара повлекување на Јанукович.

Кличко и двајца други лидери на опозицијата вчера заедно со Јанукович и тројката европски министри во Киев потпиша договор со кој треба да се стави крај на насилството во земјата. Меѓу другото, договорот предвидува враќање на стариот устав од 2004 година, за што парламентот во Киев веќе даде согласност со големо мнозинство, формирање преодна влада со министри на опозицијата во рок од 10 дена, уставна реформа до септември и предвремени претседателски избори најдоцна во декември.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1