Насобраните граѓани пред Собранието повикаа утре во 11 часот на протест поради промената на името и Уставот, кога започнува седницата на која на дневен ред е токму договорот со Грција.
Го повикаа и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, утре да го напушти Собранието и да му се придружи на народот.
Протестот вечерва почна во 20:00 часот со блокада на булеварот „11 Октомври“, а во исто време припадниците на полицијата се распоредија пред зградата на Парламентот.
Учесниците на протестот го извикуваат името на претседателот на државата, „Македонија“, „Едно име имаме“, и „Предавници“.