Демонстрантите со боја удрија по Министерството за култура и полицијата (Фото)


За време на вчерашниот протест демонстрантите со боја удрија и по зградата на Министерството за култура и по полицијата. денес остра реакција и осуда од Министерството, ви ја пренесуваме во целост.kultura-640x360

Министерството за култура на Република Македонија, најостро го осудува синоќешниот вандалски чин со кој е оштетена фасадата на зградата на Министерството за култура, објект кој е изграден во 1927 година и кој претставува културно наследство заштитено со Закон. Во вчерашниот напад на таканаречените „борци за демократија” од Граѓанското здружение „Протестирам” оштетена е и скулптурата на македонскиот уметник Сашо Саздовски поставена на влезот во зградата на Министерството, а осквернавени се и знамињата на Република Македонија и на Европската Унија.

Се прашуваме, дали ваквиот насилен однос кон културните институции во земјава и кон културното наследство кое го поседуваме како држава е алтернативата која ја нуди Граѓанското здружение „Протестирам” и СДСМ за иднината на Македонија? Ваквиот одраз на примитивизам, немањето основно чувство за сопствената култура и држава и почит кон културно историските споменици мора да бидат предмет на осуда на сите граѓани кои Република Македонија ја чувствуваат за своја татковина, како и на сите претставници на меѓународната заедница во Република Македонија кои се залагаат за почитување на културниот идентитет како една од темелните вредности на Европската Унија.

Министерството за култура бара од Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, во најкус временски период да ги спроведе сите потребни мерки за пронаоѓање на виновниците на ваквиот нецивилизиран чин и воедно ја информираме јавноста дека против овие лица согласно Законот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, а за инцидентот детално ќе се информира и Канцеларијата на Европската Унија во Скопје.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1