Чие злато е изнесено од Македонија?


Одам во Германија да купам 2 или три автомобили со златото и парите, ова на српските цариници на Прешево им го кажал македонскиот државјанин вчера попладне кога под менувачот во неговиот пасат му нашле 99 илјади евра и 47 пакети со речиси 14 и пол килограми злато.carina kola skener

Претставници на српската царина за Телма потврдија дека македонскиот државјанин бил на возраст од околу 45 години и на суд каде бил изведен за девизен прекршок изјавил дека е таксист. Автомобилот во кој биле сокриени златото и еврата е со скопски регистарски таблички. Златото е откриено откако со скенер било утврдено дека има неправилности во просторот кај менувачот.

Приказната која ја кажал скопскиот таксист со македонско име и презиме не им била веројатна ниту на српските цариници и гранични полицајци бидејќи вредноста на пратката е многу поголема отколку што во Германија се продаваат 3 половни автомобили.

Телма консултираше скопски златарници кои во зависност од квалитетот на златото фатено на Прешево проценуваат дека килограм злато вреди помеѓу 25 и 35 илјади евра. Кога ќе се пресмета излегува дека минималната вредност на златото изнесено од Македонија е околу 360 илјади евра што е многу повеќе од цената за три возила на германскиот пазар( со 99 илјади евра во кеш излегува дека минималната вредност на шверцот е 460.000 евра).

Во тек е и царинска и полициска истрага за целта на патот на скриеното злато, дали осомничениот македонски државјанин кој се претставил како таксист го носел за себе или за некој друг кој е осомничен за криминал. Во македонската амбасада кога Телма ги контактираше се уште не беа известени за случајот.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1