Демонстрантите стигнаа пред Собранието


Откако граѓаните беа спречени од полицијата да протестираат пред Јавното обвинителство, тие се упатија кон Собранието. Во моментов околу 1500 граѓани мирно го искажуваат својот револт.

PROT3

Претходно, тие ги фотографираа секој поединечно од полицајците за како што рекоа кривично да може да ги гонат, оние кои што им го ограничуваат движењето и правото на протест.

Демонстрантите стигнаа пред Собранието. Извикувајќи го името на убиениот Мартин Нешковски уште еднаш му оддадоа почит и побараа одговорност од министерката Јанкуловска за која сметаат дека се обидела да го прикрие сторителот на убиството. Стотиците демонстранти мирно протестираат пред кордонот полицајци поставен пред Собранието. Ролетните на прозорците на овој објект се спуштени, веројатно поради очекување на налет од фрлање јајца.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1