Ден на жалост е прогласен за утре во Општина Велес, поради трагедијата која му се случи на семејството Давчевски кои вчера во пожар ги изгубија трите деца.
Советниците одлучија петок 22 јуни да биде Ден на жалост, поради што се откажуваат сите културни и спортски манифестации и угостителските објекти на територијата на Општината се обврзани да емитуваат сериозна музика. Семејството ќе добие и еднократна парична помош од 100.000 денари како и да се платат гробни места за трите деца во висина од 13,500 денари.