Ден на жалост во Косово по повод смртта на поранешниот американски претседател Буш


Република Косово денеска со ден на жалост му изразува почит на поранешниот претседател на САД, Џорџ Буш Постариот, кој почина на 30 ноември на 94-годишна возраст.

Косовскиот претседател Хашим Тачи, по смртта на Буш Постариот, во знак на државна и граѓанска почит за неговиот придонес за слободата на Косово, денешниот ден го прогласи за ден на државна жалост.

Државното знаме на Република Косово денеска ќе биде истакнато на пола копје во сите државни објекти, во и надвор од земјата.

Денешниот ден е прогласен за ден на жалост и во САД, чиј 43-ти претседател, од 1989 до 1993 година, беше Буш постариот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1