Ден на жалост во Србија


Во Србија денеска е ден на жалост поради смртта на седум лица на паднатиот воен хеликоптер кој се урна во близина на аеродромот „Никола Тесла” во Белград. Тридневната жалост е прогласена во Нови Пазар ,а ден на жалост е и во Република Српска.helikopter bebe

Несреќата се случи во петокот доцна навечер. Транспортниот хеликоптер Ми-17 беше ангажиран во спасувањето на мало бебе, кое поради лошата здравствена состојба мораше итно да патува за Белград, но возилото на Итна помош заглави на патот меѓу Нови Пазар и Краљево, каде имаше одрони на коловозот.

Се очекуваше дека хеликоптерот ќе слета во Белград и бебе ќе бидае транспортирани до Институтот за мајка и дете. Но, контролната кула го загуби контактот со леталото во петок 13 мај околу 22.31 часот. Во несреќата загинаа Иван Миладиновиќ, Омер Мехиќ, Небојша Драјиќ Милован Ѓукариќ, Џевад Љајиќ, Мирослав Веселиновиќ и бебето на семејството Aдемовиќ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1