Тишина тешка како олово го окова Бајмок. Ден по погребот на младата Тијана Јуриќ во Бајмок улиците се пусти без детски гласови и соседски разговори по улиците.
Во центарот на селото сеуште стои огромна фотографија од Тијана, каде во саботата вечерта нејзините другари и познаници палеа свеќи за нејзината душа.
Тага измешана со бес ја замени тринаесетдневната надеж дека 15-годишното исчезнато девојче ќе биде пронајдено живо. Мештаните се уште ја проколнуваат тешката судбина на семејството Јуриќ. Кога ќе падне мрак сите се зад заклучени врати во своите домови.
Тоа е сликата од селото кое брои над 7.000 жители, и кое по смртта на Тијана е претворено во „село на тишината“, пишува „Вечерње новости“.
Мештаните кои по навика се собираат во малиот селски парк кометираат: „Каде живееме? Ништо веќе не е како порано. Сега сите се плашат за своите деца, што е нормално после сè. Но сепак неможеме младоста да ја зтвориме во нашите куќи, мораме некако да продолжиме да живееме нормално. Барем колку можеме“, велат селаните.