Ден по погребот на Тијана: Улиците пусти, децата дома!


Тишина тешка како олово го окова Бајмок. Ден по погребот на младата Тијана Јуриќ во Бајмок улиците се пусти без детски гласови и соседски разговори по улиците.

bajmok-tijana500Во центарот на селото сеуште стои огромна фотографија од Тијана, каде во саботата вечерта нејзините другари и познаници палеа свеќи за нејзината душа.

Тага измешана со бес ја замени тринаесетдневната надеж дека 15-годишното исчезнато девојче ќе биде пронајдено живо. Мештаните се уште ја проколнуваат тешката судбина на семејството Јуриќ.  Кога ќе падне мрак сите се зад заклучени врати во своите домови.

Тоа е сликата од селото кое брои над 7.000 жители, и кое по смртта на Тијана е претворено во „село на тишината“, пишува „Вечерње новости“.

Мештаните кои по навика се собираат во малиот селски парк кометираат: „Каде живееме? Ништо веќе не е како порано. Сега сите се плашат за своите деца, што е нормално после сè. Но сепак неможеме младоста да ја зтвориме во нашите куќи, мораме некако да продолжиме да живееме нормално. Барем колку можеме“, велат селаните.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1