Ден пред трагедијата урнатиот авион имал проблеми со шасијата, хронологија на последниот лет


На авионот „Airbus A320“, кој во вторникот се урна во француските Алпи со 150 патници и членови на екипажот, претходно биле регистрирани технички проблеми, објави во вторникот навечер интернет изданието на германскиот весник Der Spiegel повикувајќи се на „Lufthansa“, компанијата „мајка“ на германската нискобуџетна воздухопловна компанија „Germanwings“
Можеби тоа е причината, забележува весникот, што неколку други екипажи на авионите „Airbus A320“ на компанијата „Germanwings“ во вторникот ги откажаа закажаните летови.

Според информациите на Der Spiegel, авионот имал проблеми со вратата на преградата во која се повлекува трапот со тркалата кон „клунот“ на леталото. Било утврдено дека авионот не е подготвен за полетување и неколку часа бил паркиран на пистата на аеродромот во Диселдорф.avionot-erbas500

„Меѓутоа, овој проблем целосно бил отстранет и во 10 часот утрото вчера, авионот се врати на извршување на редовните летови“, соопштиле за Der Spiegel од воздухопловната компанија „Lufthansa“.

Авионот „Airbus A320“ кој се урна во јужна Франција, во Алпите, бил испорачан на нарачателот во 1991 година и извршил околу 46.700 часови лет, а во понеделникот бил подвргнат на последниот рутински преглед, изјави, пак, за агенцијата DPA, извршниот директор на „Germanwings“, Томас Винкелман.

Следува хронологијата на последниот ден на авионот, врз основа на информациите добиени од функционери на служби и од воздухопловната компанија.

Во 6,48 часот „Airbus A320“ полетува од Диселдорф со 122 патници на летот кон Барселона. Во текот на летот не се воочени никакви проблеми.francija avion

Во 10,01 часот леталото со тесен труп со два мотора полетува од Барселона на враќање во Диселдорф со 26 минути задоцнување.

Во 10,45 часот авионот ја достигнува височината за крстосување, според информациите од „Germanwings“. Во тој период временските услови во областа на летот биле добри.

Во 10,46 часот авионот повторно почнува да се спушта, што трае осум минути и не е договорено со контролата на летањето. Леталото понира околу 900 до 1.200 метри, што се споредува со движење при слетување, објави Flightradar24, специјализиран интернет портал кој дава информации за летовите во реално време.

Во 10,53 часот летот 4U9525 исчезнува од радарите во моментот кога авионот се наоѓал на височина од 1.800 метри. Паднал околу 100 километри северозападно од францускиот град Ница.

Во 11,30 часот аеродромот Диселдорф добил известување дека авионот исчезнал од радарите, изјави портпаролот на аеродромот.

Во 11,55 часот авионот требало да атерира во Диселдорф. Наместо тоа, роднините и пријателите на патниците се сместуваат во заштитените зони на аеродромите во Диселдорф и во Барселона.

Во 13,00 часот Германската сојузна агенција за цивилна воздушна пловидба најави основање кризна група.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1