Денес без струја ловиштето „Јасен“, Карпош и Арачиново


skapa struja sijaliciЛовиштето „Јасен“  од 10 до 15:30 часот ќе остане без струја, а од 9 па до 15 часот струја ќе нема на дел од улиците Копенхагенска, Стохолмска, Петар Драганов, Његошева, Софиска, Бриселска во општина Карпош, како и во дел од селото Батинци и во населбата Љубош во општина Студеничани, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЕВН Македонија.

Од 9 до 13 часот без електрична енергија ќе биде селото Мирковци, кај полициската станица, во општина Чучер Сандев, а од 8:30 до 15 часот – Пат за Радишани, улицата Бутелска и околните улички.

Дел од Арачиново кај полициската станица, како и дел од Арачиново кај долната Џамија, ќе нема струја меѓу 8 и 16 часот

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1