Како што пишува Дејли мејл, Роб Гордон од Калифорнија нуди парична награда во вредност од 1.112,13 долари на оној којшто ќе се сети да го одбележи датумот на најинтересен и најоригинален начин.
Исто така, илјадници двојки планираат утре да се венчаат, затоа што овој датум има интересна симболика и според многумина, означува среќа и бериќет.
Ова е последниот датум кој содржи последователни бројки во следните 90 години.