Денес е денот 999, ден на судбината – подгответе се за голема промена


Нè очекува интензивна фаза, која ќе ги исчисти токсините од нашиoт живот… нездрави навики, екстремно однесување, застарени верувања и ирационални стравови, сето тоа ќе остане во минатото. Сè што ни ја намалува енергијата и ни создава чувство на нервоза ќе замине како да никогаш не ни постоело.1devet

Во нумерологијата денешниот датум, 9 септември 2016 година, се толкува како 999, со оглед на тоа дека се работи за 9-тиот ден, на 9-тиот месец од 9-тата година (2+0+1+6=9).

Денес ќе имаме можност да се ослободиме од сета негативна енергија што ја собираме изминатите 9 години. Денешниот ден ќе не наполни и ќе нè ослободи од енергијата што ги поттикнува токсините во организмот и негативните чувства.

Освен тоа што овој ден претставува крај на циклусот што нè следеше изминатите девет години, значи и почеток на нова фаза. Бројот „9“ ја носи енергијата на секој претходен број, па така ја акумулира енергијата на почетокот, средина и крајот. Се работи за последниот број, кој освен крај означува и нов почеток.

Кога се работи за само една деветка, тоа претставува шанса крај на одредена фаза во животот, но кога се работи за три деветки, енергијата апсолутно делува и не менува.

Бројот 999 има огромно значење. Тој влијае како остра и нагла сила која влијае на нашиот живот, па за многумина ова може да значи добри вести на љубовно поле во периодот кој следи и нова љубов.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1