Филмско апсење кај поранешна „Славија“ – Тројца полицајци на Ургентен (Видео)


Тројца припадници на единицата „Алфа“ попладнево се повредени во сообраќајна несреќа која се случила при обид да приведат лице кое се бара за издржување затворска казна.

Како што информираат од МВР, околу 16 часот попладнево од страна на припадници на единицата Алфи на улица „Ферид Бајрам“ во Скопје било забележано лице кое се барало за издржување затворска казна во траење од четири години во патничко моторно возило мерцедес со скопски регистарски ознаки.policija-apsenje

Оттаму појаснуваат дека од страна на полициските службеници му била издадена наредба да го запре возилото, но тој се оглушил на наредбата и со голема брзина се упатил кон скопската населба Железара.

Од страна на алфите започната е потера по него и на ул. „Перо Наков“ лицето по кое се трагало со мерцедесот удрило во патничко моторно возило „поло“ со скопски регистарски ознаки сопственост на Министерството за внатрешни работи. Од сообраќајната незгода тргојца полициски службеници од Алфите се здобиле со повреди и пренесени се во Ургентниот центар.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1