Денес и земјотрес од 6,1 како скопскиот нема да направи штета како во 1963 година


Скопје повторно го тресат афтершокови по земјотресот на 11 септемвти годинава, кој по рихтерова скала беше 5,3 степени.

Според сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет ПМФ, вчерашниот земјотрес во Скопје во 12:52 минути кој беше почувствуван во Скопје, бил со јачина од 3.1 степен според европската макросеизмичка скала, а епицентарот бил на 6 километри источно, на длабочина од 5 километри.Seizmogram_SKO_zemjotres_Sk

Сеизмолозите од оваа опсерваторија, уште по серијата земјотреси во септември, најавија дека очекуваат помали потреси како афтершокови се додека не се смири земјата од движењата на тектонските плочи и блокови, но за тоа понекогаш е потребно да поминат и до две години.

Сеизмолозите велат дека афтершоковите се всушност празнења на енергијата што се несобрала во земјата по земјотресите. Силата на афтершоковите зависи од тоа колкава енергија останала заробена во земјата.

Повеќе информации во печатеното или електорнското издание на весникот Дневник.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1