Исплатата на К 15 да биде на доброволна основа. За ова ќе преговараат Синдикатот, Организацијата на работодавачи и бизнис коморите. начелна согласност е постигната – регресот за годишен одмор за се регулира на гранково ниво.
Тоа значи дека приватниот сектор кој не е член на гранковиот синдикат нема да има законска обврска да исплаќа. Доколку пак, компанијата има пари, работодавачот ако сака – може на своите вработени да им исплати регрес за годишен одмор.
Уникување на К 15 бараа и Стопанските Комори, чии членки морале да земат кредит за да ја исполната законската обврска
Исплатата на К 15 во висина од минималната загарантира плата беше договорена минатата година во Колективниот договор за приватниот сектор. За газдите кои не го испочитуваа ова, следуваа парични казни. Но голем дел од нив, ги крате платите или им ги бараа назад дадените пари – само за да избегнат казни и да го испочитуваат законот