Денес му е роденден на премиерот Груевски. Тој е роден во 1970-тата година во Скопје.
Премиерот Никола Груевски денеска го прославува 45-иот роденден. Неговиот татко Тало потекнува од леринското село Крушоради, во Егејска Македонија, денешна Република Грција. Тој е доктор на науките во Белградскиот универзитет и пред тоа долгогодишен професор во Шумарскиот факултет на Скопскиот университет. Мајка му Надежда е од Штип, сестра на првиот министер за внатрешни работи на независна Република Македонија – Јордан Мијалков.
Премиерот Груевски, основно и средно образование завршил во Скопје. Дипломирал на Економскиот факултет во Прилеп, при Универзитетот „Св. Климент Охридски” – Битола (1994), по што работи во банкарскиот сектор. Се здобил и со квалификации за меѓународниот пазар на капитал на Лондонскиот институт за хартии од вредност (1996). Магистрирал на Економскиот факултет на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (12. XII 2006).
Бил претседател и основач на брокерската асоцијација на Република Македонија (1998) и ја направил првата трансакција на македонска берза.
Груевски деновиве одбележа и девет години премиерски мандат. Тој е премиер на Македонија од 27-ми август 2006-та година.
Груевски е во брак со Боркица од 2007 година, со која има две ќерки, Анастасија и Софија.
НетПрес.мк