Денес почнува пролетта – Месечината ќе го затемни Сонцето, во Скопје 43 проценти


Пролетта во Македонија и на северната хемисфера почнува во 23 часот и 45 минути, а според најавите на астрономите, ќе се случи и помрачување на Сонцето. Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи есента.

Првиот пролетен ден во Македонија ќе трае 12 часа и пет минути, Сонцето ќе изгрее во 5 часот и 39 минути, а ќе зајде во 17:44.prolet drvo sonce

Пролетта ќе трае до 21 јуни кога календарски започнува летото. Летното сметање на времето, пак, ќе почне ноќта меѓу 28 и 29 март кога часовниците ќе треба да се поместат еден час нанапред.

Затемнување на Сонцето  во Европа ќе биде делумно, а на некои места како Фарските и Свалските острови ќе има целосно помрачување.

Затемнувањето во Скопје, според скопското Астономско друштво, ќе почне во 9 часот и 37 минути, максимумот ќе биде во 10:45, а ќе заврши во 11:56 минути. За време на максмумот ќе се гледаат 43,5 проценти од дискот на Сонцето.

Астрономското друштво препорачува затемнувањето да се гледа со специјални очила наменети за тоа или со маски за заварување со заштитен фактор повисок од 13. Заинтересираните граѓани затемнувањето ќе може да го проследат и од плоштадот „Македонија“ со телескопите на Астрономскоото друштво.

Феноменот кога месечината се спушта на сонцето последен пат беше на 4 јануари 2011 година,а  следното делумно затемнување што ќе може да се види кај нас се очекува на 21 јуни 2020 година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1