Американската „лесна“ нафта за испорака во јули поскапи на берзата во Њујорк за 15 центи и во моментов се тргува по цена од 59,87 долари за барел. Европската нафта од типот „брент“ за испорака во јули поскапа е за 7 центи и се продава по цена од 65,59 долари за барел, пренесува Франс Прес.
Курсот на доларот во последната недела значително расте во однос на еврото што ја прави нафтата поскапа за сите оние држави кои увезуваа со послаби валути.
Последната корекција на малопродажните цени на нафтените деривати во Македонија беше извршена минатиот понеделник. Тогаш малопродажните цени на бензините се намалија за денар и половина додека нафтата поскапи за половина денар.
Во претходниот 14 дневен период цената на нафтата врз основа на која се формираа цените за малопродажба во Македонија изнесуваше 65,174 долари за барел а еден долар се продаваше за 54,7 денари.
Во моментов барел нафта е речи си на истото ниво а доларот чини нешто над 56 денари.
Доколку нема значително поскапување на доларот, можеме да очекуваме благо намалување на цената на нафтата или пак задржување на истото ниво.