Барањата за издавање електронска здравствена картичка (ЕЗК) ќе можат да се доставуваат и денеска. Сите подрачни служби на ФЗОМ низ земјава ќе работат до 19 часот.
– Со ова тимот на ФЗОМ сака да им овозможи на сите осигурениците кои нема да можат да ги достават барањата денес, да го направат тоа и во сабота, 29 јуни 2013 година, со цел да се запази предвидената законска регулатива која предвидува сите осигуреници да имаат поднесено барање за издавање на ЕЗК заклучно со 30 јуни 2013 година, се вели во соопштението од ФЗОМ.
Фирмите или поединците кои нема да аплицираат нема да имаат право да се лекуваат на товар на Фондот за здравствено осигурување.
– Нема да можат да ја користат услугата, бидејќи нема да бидат компатибилни со системот, односно ќе бидат надвор од законот. И по тој рок граѓаните ќе можат да направат замена на книжните легитимации, но зошто би чекале толку, нема потреба за тоа. Што поскоро поднесат барање, тоа поскоро ќе ја добијат електронската верзија, велат од ФЗОМ.