Денес се одлучува за опозициските пратеници


Собраниската мандатна комисија ќе одлучува дали на 31 опозициски пратеник ќе им бидат  одземени манадатите – поради неоправданото отсуство што трае подолго од 6 месеци.sobranie vnatre3

Членовите на Комисијата засега не откриваат со каков став ќе излезат на седницата. Во досегашните парламентарни состави имало ситуции за одземање на мандати, но само за поединични пратеници.

Утре за првпат матичното собраниско тело ќе расправа дали на 31 пратеник треба да им престане мандатот.

Ако комисијата излезе со предлог одлука за одземање на мандатите, тогаш спикерот Вељаноски  на првата ново закажана седница, треба да ја стави на дневниот ред. Во поединечното гласање за секој од пратениците, ќе биде потребно да се обезбедат 82 гласа, за да им биде одземен мандатот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1