Денес сончево и 17 степени – еве какво ќе е времето утре


Сончево време со мала до умерена облачност не очекува денеска во Македонија, со дува слаб до умерен претежно северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до пет, а дневната од 11 до 17 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб, а на повисоките места умерен претежно северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе достигне до 12 степени.sunny-sky

Во вториот дел од викендот се очекува повеќе сонце со мала локална облачност. Температурата на југот од државата ќе достигне до 18 степени.

Во недела наутро на некои места температурите ќе бидат под нулата, но во следниот период се очекува благо зголемување на утринските температури.

За следната недела Управата за хидрометеролошки работи најавува суво време со максимални температури во интервал од 11 до 17 степени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1