Времето денеска ќе биде сончево со мала доумерена облачност, снег и дожд нема да има и во наредните денови. Ќе дува слаб ветер од севрен правец.
Утринските температури и натаму ќе бидат под нулата, а од денеска ќе имаме и благ пораст на дневните температури, за да веќе во сабота највисоката дневна температура достигне 10 Целзиусови степени.
Во Скопје минималната температура ќе биде –7 степени, а дневната -1, во Тетово утринската температура ќе биде –8, а максималната дневна нема да оди повеќе од –3 степени, во Маврово од -16 до -8, Дебар од -9 до -2, во Куманово дневната температура ќе биде -2, Крива Паланка -5, Куманово -2, Штип 0, Свети Николе -2, Берово -5, Струмица 0, Дојран и Гевгелија 2, Радовиш, Кавадарци и Демир Капија 1, Крушево од -14 до -7, Охрид -3, Прилеп и Битола -4, а утринската ќе биде -12 Целзиусови степени.
Сончево со умерена облачност е прогнозата и за наредните денови со пораст на дневните температури.
Утре дневните температури ќе се движат од -2 до -4 степени, во петок од 1 до 7, а веќе во сабота од 4 до 10 степени.