Прогнозата за утрешниот ден сабота, 5 декември вели дека времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а во претпладневните часови долж Повардарјето и по одделни котлини и речните долини ќе има појава на магла и ниска облачност.
Температурата наутро ќе биде од -3 до 6, а дневната од 10 до 16 степени.
Во Скопје времето ќе биде слично, претежно сончево со слаба утринска магла, а ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Утринската температура ќе биде, најниската до -2, а дневната ќе се искачи до 12 степени.
И во наредниот период ќе продолжи стабилно и суво време со релативно високи дневни температури, а поради јужното струење по котлините ќе има појава на утринска магла и ниска облачност особено во претпладневните часови.