СТРАШНА СООБРАЌАЈКА КАЈ РАМПА: Едно лице загина, четири повредени!


Страшна сообраќајна несреќа вечерва ја потресе Македонија во која најмалку едно лице загина, а четворица се тешко повредени и пренесени на Ургентен, јавува Курир

Фото -  Ѕид на сообраќајниот срам

Фото – Ѕид на сообраќајниот срам

Тешката сообраќајна несреќа се случила во скопската населба Кисела Вода, кај Рампа. Неофицијално, едно лице е загинато, дедека други четири лица се пренесени во Ургентниот центар.

Во сообраќајката учествувале автомобил марка “лада“ со скопски регистерски таблички и патничко комбе со белградски таблички кои директно се судриле.

На лице место можат да се забележат две амбулантни возила и пожарникари кои се обидуваат да ги извадат телата на повредените.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1