Војници од ИСИС силуваат девојки за да ги муслиманизираат – се убиваат за да не им паднат в раце


Војници од ИСИС силуваат девојки за да ги муслиманизираат.

Ни ги земаат девојчињата, домовите и семејствата. Земаат се од нив. Велиме дека децата се нашата иднина, ама тие ги земаат сите, и стари, и млади!  – вели спиритуалниот водич на Јазидите, Баба Шеик, пренесува Си Ен Ен.

Јазидите се луѓе кои следат уникатна религија која содржи елементи од Христијанството, Јудаизмот и Исламот проследени со дури и постари пракси, како обожување на Сонцето. Тие веруваат во еден Бог кој ја креирал Земјата и ја оставил во рацете на ангел во вид на паун, Малак Таус. Но ова верување, претворено во славење на ѓаволот од ИСИС беше искористено од Исламските екстремисти како изговор за убивање, силување и заробување.siluvanje-650x396

Откако ИСИС окупурале провинција во Ирак, војниците силувале и поробувале млади девојки, но пред тоа се обидувале да ги оправдаат своите намери.

Ми покажа една слика и ми кажа дека секоја заробена жена ќе стане Муслиманка, ако 10 војници од ИСИС ја силуваат. На сликата имаше знаме на ИСИС и слика од Абу Бакр Ал Багдади – изјавува 22 годишна девојка која била силувана од 12 војници.

На територијата на ИСИС, овие жени може да бидат купени и продадени за пари, сменети со оружје, дури и подарени. Освен оваа размена, како дел од бруталната теологија е додадено и силувањето и поробувањето.

Војниците ни кажаа дека мора да го почитуваме правилото на Абу Бакр Ал Багдади. Секој што нема да премине во Исламот ќе биде убиен, бидејќи тоа го расипува квалитетот на војната – објаснува 22 годишната девојка.zeni-jazidi-ispoved-robinki-01

ИСИС се убедени дека бруталноста кон Јазидите е на религиска база, велејќи дека со поробување на сите неверници (сите луѓе што не припаѓаат на Исламот) и земајќи им ги жените, го почитуваат Шариахот (Исламскиот закон); неговото негирање и потсмевање би било рамно на негирање и потсмевање на Куранот.

Како и да е, теологистите низ целиот свет тврдат дека нивните акции не се базираат на Исламската вероисповест.

Луѓето во ИСИС воопшто не го претставуваат Исламот. Всушност, тие се антиисламисти, го украдоа, ја нарушија Исламската репутација. Во Исламот поробувањето, мачењето, убивањето и силувањето се недозволиви.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1