Денес сонце – после доаѓа период на дожд


Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала облачност, а во попладневните часови постепено ќе има зголемување на облачноста која најпрво ќе почне да се појавува во западните делови, а веќе во ноќните часови насекаде.

dozd sonce vinozitoПреку ноќта ќе има слаб локален дожд во западните делови. Преку денот ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе се движи од еден до осум, а дневната од 21 до 26 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево, а кон крајот на денот ќе има наоблачување. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец.

Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе достигне до 24 степени.

Во петок и за време на викендот ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремен локален дожд кој на повеќе места ќе биде со слаб, а во крајните западни и јужни делови со умерен интензитет.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1