Денеска е еден од најголемите и најпочитувани христијански празници


Воведение, или како што го нарекуваат Света Пречиста или Женска Богородица во православните календари е обележана со црвено и спаѓа меѓу 12 најголеми и најпочитувани христијански празници.

Се слави како спомен на денот кога Богородица, во друштво на своите родители Јоаким и Ана, прв пат е воведена во храмот Божји. Богородица како тригодишно дете, во склад со заветите на своите родители дека ако имаат пород ќе го дадат како дете во храм, одведена е во Ерусалим и воведена во храм.

Со чинот на Воведувањето на Марија, вели евангелиското предание, светитие родители го исполниле заветот дека породот кој го немале долго, ќе го предадат на служба на Бога.

Богородица по преданието е единствена жена на која и било кога и е дозволено да стапи на тлото на Света Гора, односно грчкиот полуостров Атос.

Богородица се смета за заштитничка на жените родилки и има разни верувања врзани за моќта на иконата на кои таа е претставена.

Во некои места се задржал обичајот на Воведение жените кои не можат, а сакаат да родат, преспијат во манастир за Богородица да им подари пород. Воведение се смета за голем празик, поради што на тој ден не треба да се превземаат поважни проекит и работи, не треба да се склопуваат договори, да се започнуваат големи работи и слично. Исто така не би требало да се работи по дома, да се пере, пегла и слично, а сите жени треба да го празнуваат овој ден на својата заштитничка.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1