Денеска е Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).
Со свечена литургија, молитва и свеќа за здравје и бериќет, православните христијани го одбележуваат големиот празник Успение на Пресвета Богородица, попознат кај народот како Голема Богородица.
Според христијанската традиција, на овој празник се принесуваат дарови за здравје пред големата икона, а се зема и светена вода. Богородица била почитувана не само од христијаните туку и од муслиманите и кон неа сите упатувале молитви за исцелување, здравје и бериќет.
На овој празник се принесуваат дарови за здравје пред големата икона, а се зема и светена вода.
Празникот народски попознат како Голема Богородица е денот кога Мајката Божја низ смртта преминала во вечен живот. Богородица е единствена жена во историјата на човештвото која го добила епитетот пресвета. Се смета за заштитничка на бремените жени, на децата и на семејството.
Народот верува дека Богородица е заштитничка и на леунките и на жените им помага при породувањето. Исто така и жените што немаат деца веруваат дека со милоста на Пресвета Богородица ќе добијат рожба поради што ги посетуваат нејзините цркви, изведуваат обичаи, се молат и принесуваат дарови.