Денес возењето со такси во Њујорк ќе биде бесплатно, илјадници луѓе ќе се соберат и ќе маршираат во Калифорнија, а стотина кина ширум светот ќе го пуштаат еден филм од 30 години. Бидејќи, денес е среда, 21 октомври 2015 година. Ви звучи ли овој датум познато?
Така е – се вративме во иднината! Иако оваа година во неколку наврати на социјалните мрежи почна да кружи приказната дека тој ден конечно пристигнал, вљубениците во филмот„Враќање во иднината“ дури денес навистина може да се радуваат. Бидејќи ова е датумот во кој Марти и доктор Браун отпатуваа во второто продолжение на познатиот филм.
Фановите со години се подготвуваат за овој датум. Верно го очекуваат, ги одбројуваат месеците, деновите, часовите – а дури е направен и сајт на кој се одбројуваат и минутите до овој судбоносен ден кога докторот и Марти ќе пристигнат во 2015 година, во која ништо не е како што би требало да биде.
Иако се уште немаме летачки скејтборди, како оној кај Марти го возеше во иднината, фановите ширум светот планираат да го прослават овој ден на навистина спектакуларен начин. Така сите Њујорчани кои ќе повикаат такси преку компанијата „Лифт“ ќе добијат бесплатно возење ако ја искористата посебната „Мекфлај“ опцијата на апликацијата. Во Њујоркс ќе бидат организирани и неколку манифестации во чест на овој долго очекуван ден, но и ширум светот луѓето планираат да го прослават 21 октомври.