Денеска е Крстовден: Тежок празник и строг пост!


Денеска се празнува големиот Христијански празник, Крстовден. Верниците овој голем празник го слават во пост, со одење во црква и палење свеќа, се прекрстуваат и ја читаат „Оче наш“.

Зимскиот Крстовден никогаш не го менува датумот и се слави еден ден пред Богојавление.

Постот е задолжителен и ригорозен. Кој може, тој ден пости само со леб и вода. Во православните храмови на Крстовден и на Богојавление се осветува вода.

Светата вода од Крстовден се пие со молитва. На децата им се дава, со верба дека лечи и штити. Мајките на овој празник, со молитва на челото на децата ќе им направат крст од осветено масло, а водата од Крстовден ќе ја чуваат и по потреба ќе им ја даваат на децата.

Крстовден е ден кога мора да се опуштите и да се подготвите за Богојавление.

Од Божиќ до Богојавление верниците се поздравуваат со „Христос се роди“, „Вистина се роди“, а на Богојавление се поздравуваат со „Бог се јави“, „Вистина се јави“.

Луѓето кои се родени на овој ден се верува дека на својот грб ја носат сенката на Чесниот крст и дека затоа пред Господ се посебно одговорни за своите постапки.

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан…

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1