ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Димитров се откажаа од се што е македонско


Писмото на Димтров до грчкото Министерство за надворешни работи, уште еднаш потврдува дека со Договорот од Преспа не само што се менува уставното име туку се менува и македонскиот идентитет, се брише и јазикот, историјата и културата. Со други зборови Заев и Димитров се откажаа од се што е македонско.

Законот за јазици, промената на уставното име не беше дел од програмата на СДСМ, но беа дел од концесиите на Заев. Македонската држава е заложник на хипотеките на Зоран Заев, хипотеки и концесии дадени со единствена цел доаѓање на власт иако мнозинството македонските граѓани не му ја дадоа довербата.

Црнила надвиснаа над Македонија денот кога аболицираниот Заев седна во премиерската фотелја. Граѓаните осиромашуваат, економијата е пред колапс, давачките кон државата растат, нема нови проекти, здравството и образованието тонат. Македонија е понижена и клекната на колена, се распродаваат државните и националните интереси.

Парите на граѓаните завршуваат во џебовите на високи државни и партиски функционери, се измислуваат државни функции, се исмупмупуваат буџетски пари преку криминални тендери и грантови. Лек за црнилата на Заев е македонскиот граѓанин, кој на следните избори ќе го испрати Заев во политичка пензија.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1