Денеска е Петок 13-ти


Петок 13-ти за голем број суеверни луѓе во светот, посебно во Европа, во Северна и Јужна Америка, во Австралија, се смета за несреќен ден. На тој ден се избегнуваат патувања, склучувања договори и други поважни работи, стравувајќи од несреќа.

Има повеќе верувања за потеклото на суеверието за петок 13, почнувајќи од тоа дека Ева во рајот го измамила Адам со јаболкото токму во петок, дека на тој ден се случила библиската поплава, дека Бог на петок 13-ти ги измешал јазиците на Вавилонската кула, а и Исус Христос бил распнат в петок. За „несреќниот“ број 13 се врзува и верувањето дека токму толку луѓе биле на Тајната вечера.Сепак, како најубедливо верување за потеклото на митот за петок 13, историчарите го посочуваат настанот што се случил на 13 октомври, петок, 1307 година, кога францускиот крал Филип Четврти наредил да се уапсат и погубат водачот на темпларскиот ред Жак де Молеј и шеесетина негови најблиски приврзаници.

Хајката по темпларите бргу се проширила низ цела Европа. Стотици припадници на христијанскиот воен ред Темплари, настанат за време на првиот крстоносен поход во 1096 година, биле уапсени, мачени и убиени за да се принудат да го „признаат“ својот наводен ерес.

Папата Клемент Петти во 1314 година го забранил Темпларскиот ред, по што тој продолжил да постои тајно.

Од тој петок 13, 1307 година, следбениците на темпларите го сметат тој ден како несреќен и како ден на ѓаволот.

Суеверието за петок 13 или за „несреќниот“ број 13, го поттикнуваат и филмска и издавачка продукција со многубројни дела токму на таа тема, меѓу кои се холивускиот филмски серијал Петок 13, мистериозната новела „Тринаестмина на вечера“ од Агата Кристи и драмата околу мисијата на всленскиот брод Аполо 13 за што е снимен и филм.

Според најновите истражувања астероидот Апофилис ќе и се приближи на Земјата в петок, 13 април 2029 година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1