Денеска е Слегување на Светиот Дух – Духовден


Духовден е еден од дванаесетте големи празници во православието, по Велигден, востановен во спомен на слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, опишано во Делата на светите апостоли

Духовден е христијански празник посветен на слегувањето на Светиот Дух врз апостолите и формирањето на Црквата. На овој ден се исполнило Христовото ветување за доаѓањето на Светиот Дух (Духот на Вистината, Утешителот, Силата одозгора, ветувањето на Таткото) што Христос им го даде заповедувајќи им на апостолите да не се оддалечуваат од Ерусалим додека тоа не се случи.Sveca

На педесеттиот ден по Велигден, во јудејскиот празнил Педесетница (Шавуот), востановен во спомен на дарувањето на еврејскиот народ на Законот на Синајската гора, апостолите се собраа во Ерусалим на ридот Сион, каде што пред своето апсење и распнување на крстот Исус Христос ја имаше Тајната вечера. И тогаш „ненадејно се чу шум од небото, како при налет на силен ветер, и ја исполни целата куќа каде што седеа…“

На овој ден Христовите апостоли беа облечени со силата на Светиот Дух и комплетно оспособени да бидат Христовото тело на Земјата. На овој ден апостолите, од здружение на граѓани, откако го примија Светиот Дух беа трансформирани во Христова Црква. На овој ден апостолите беа трансформирани од едни збунети и уплашени Христови ученици, во вешти, до смрт лојални и храбри Христови проповедници со исклучителна јасност и длабоко разбирање на Христовата евангелска порака.

На овој ден, по Петровата проповед, се крстија околу три илјади души и славно беше формирана првата Христијанска Црква. Затоа овој ден е наречен Роденденот на Христовата Црква.

Празникот Духовден спаѓа меѓу големите Господови празници. Меѓу народот е познат со повеќе имиња, како Дуовден, Доедни, Свети Дух, Света Тројца, Педестница итн. Се празнува десет дена по Спасовден (Вознесение Христово), а педесет дена по Велигден (Воскресение Христово).

Се вика и Педесетница не само затоа што се празнува педесет дена по Велигден туку и затоа што настанот се случил точно на еврејскиот празник Педесетница што Евреите го празнувале во спомен на денот кога Господ му ги дал на Мојсие законите во Синајската Гора.

Во народот овој празник најчесто е поврзан со душите на умрените, а и обичаите што се изведуваат на овој ден се поврзани со тие верувања.

Духовден се празнува три дена, а првиот ден од празникот секогаш е во недела. Овој е единствен од дванаесетте големи празници што нема претпразненство. Тоа се надоместува со фактот што во текот на целиот период од Велигден до Духовден се чувствува празничното расположение. На овој празник редовно му претходи задушница што се празнува во саботата пред Духовден, кога се изведуваат повеќе обичаи што им се наменети на покојните предци. Овој ден меѓу народот е познат и под името „Мртва сабота“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1