Денеска е Св. Лав Катански- треба да се пости само на вода


Денеска е Св. Лав Катански.

Свети Лав живеел во деветтиот и десеттиот век. Родум бил италијанец од Равена. Родителите му биле видни и побожни луѓе и во младоста му овозможиле да стекне добро образование. Свети Лав многу се подвизувал во милостињата. Како епископ на сицилискиот град Катана се грижел за сите бедни, бездомници, сираци. Заради неговите големи добродетели Бог му дал дар да чудотвори. Се упокоил во длабока старост и бил погребан во црквата на свети Лукија.sveti-lav-640x361

Овој голем светец правел неверојатни работи, а како примери црквата наведува дека на слепите им го враќал видот, болните ги исцелувал, ги истерувал ѓаволите од луѓето, идолскиот храм со молитва го срушил и идолите со збор ги разбивал.

Од тие причина денешниот ден треба да се пости само на вода, ако сакате куќата да има напредок и домашните да ви бидат заштитени од болести.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1