Денеска е Свети Јоаким и Ана – обавезно подарете некому нешто, а еве и зошто


Денешниот празник е органски поврзан со празникот од претходниот ден, со празникот на раѓањето на Богородица. Како и по сите поголеми празници, и по овој празник се празнува споменот на непосредните учесници во настанот што ја сочинува содржината на вчерашниот празник. Тоа е споменот на светите Јоаким и Ана.

Таткото на Јоаким се викаше Варпафир и беше родум од Јудиното племе, а потомок на царот Давид, а Ана беше ќерка на свештеникот Матан, од Левиевото колено. Тие ја добија ќерка си Марија на стари години, после 50 години брак и по нивните долги и топли молитви. Инаку, самите доживеаа длабока старост свети Јоаким се упокои на 80, а света Ана на 79 години, пишува Библијата.

Овој ден е посветен на добротворството и мисионерството и според верувањето денеска треба да се подари нешто. Се верува дека денеска треба некому нешто да се подари, во спротивно ќе ве следи малер во текот на целата година. Бидете милостиви, но не со гордост и надменост туку со смиреност и почит кон оној на кого се подарува. Доблеста не е доблест, ако тоа се меша со гревот, како што се млекото не е млеко, кога се меша со гас или оцет, поучува црквата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1