Денеска е Свети Јован Богослов: Еве што треба, а што не треба да правите


Најмладиот од 12-те христови апостоли и еден од четворицата евангелисти, Јован е наречен апостол на љубовта. Присуствувал на најважните настани од животот на Исус Христос, а по Распетието ја зел Богородица кај себе и се грижел за неа како за вистинска мајка до нејзиното успение. Бил талентиран писател и имал моќ да ги објасни најдлабоките тајни на христовата наука поради што е наречен Богослов.

Роден е во Витсаида, град на брегот на Галилејското Езеро и е помлад брат на апостолот Јаков, според татко му наречен Заведеев. Татко му се викал Заведеј, а мајка му Саломија и била ќерка на Јосиф, старателот на Богородица, кај кого што живеела по напуштањето на божјиот храм.sv jovan bogoslov

Сепак, најголема чест Исус му направил кога во претсмртниот час му ја оставил мајка си да ја чува. „А Исус, штом ја виде мајка си и ученикот кого го љубеше, како стои, и рече на мајка Си: Жено ете ти син! Потоа му рече на ученикот: Ете ти мајка! И од тој час ученикот ја зеде при себе“. (Јован 19/26,27) Јован ја зел Богородица кај себе и се грижел за неа како за вистинска мајка сè до нејзиното успение.

Според божјата волја доживеал длабока старост. Починал на 105 годишна возраст и е единствен од дванаесетте христови апостоли што умрел од природна смрт. Кога си го почувствувал крајот зел со себе неколкумина од своите ученици меѓу кои и неговиот постојан придружник Прохор, ги одвел надвор од градот, ги замолил да ископаат гроб, а потоа, откако им ги дал последните упатства легнал во гробот и ја предал душата на Бога. Споменот на смртта на Светиот апостол и евангелист Јован Богослов се празнува на 26 септември по стариот, (или на 9 октомври по новиот) календар.

На овој ден селаните кои имаат волови да ја одморат стоката.

Жените не треба да плетат или да шијат.

Во  многу краеви во овие денови почнуваат свадбите кои траат по три дена.

Овие празници се добри за патување, па оние кои мислат да патуваат овој ден нека тргнат на пат.

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1